Тевдовски: Прогресивното оданочување ќе почне од јануари 2019 година

2 November, 2017 - 11:51

Прогресивното оданочување ќе почне од јануари 2019 година. Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека и сега да се подготват законите ќе нема време целата реформа да почне да се имплементира од јануари 2018 година.

„Прогресивниот данок да не го воведеме на сила. Нашата намера е да почнеме од јануари 2019 година и постапката да биде целосно отворена. Се планира сите законски решенија за воведување на прогресивниот данок да бидат готови до средина на наредната година“, рече Тевдовски. 

Веста е прочитана 271 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.