БЕНЗИНОТ ПОСКАПУВА ЗА 1,5 ДЕНАРИ, ДИЗЕЛОТ ЗА 1 ДЕНАР

22 April, 2014 - 12:04

Цената на нафтените деривати се зголемува вечерва по полноќ. Бензинот поскапува за 1,5 денари по литар, а дизел горивата за 1 денар. Нова цена на бензините од 95 октани ќе изнесува 79,5 денари за литар, додека бензините од 98 и од 100 октани ќе се продаваат по цена од 81 денар за литар. Дизел горивото ќе се продава за 67 денари по литар, додека цената на Биодизелот ќе изнесува 68 денари. И цената на нафтата за домаќинствата се зголемува за 1 денар и ќе изнесува 55,5 денари по литар. ж

Мазутот бележи мал пад на цената која по полноќ ќе изнесува 39,621 денари по килограм.

Веста е прочитана 136 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.