ОД ПРЕПОРАКИТЕ НА СЗО ШТЕТИ И ЗА ТУТУНАРИТЕ И ЗА ЗЕМЈАТА

22 April, 2014 - 16:06

Примената на препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за намалување на посевите со ориентален тутун директно ќе влијае на земјоделците кои се занимаваат со одгледување на оваа култура. Иако не постојат конкретни бројки како барањата на СЗО ќе се одразат на оваа индустриска гранка, се очекува, годинешната реколта да биде за 17 отсто помала од лани или за род од околу 26 000 тони тутун, поради послабиот квалитетот во некои региони и пониската откупна цена, велат од Стопнаската комора 

Васко Ристовски од Стопанска комора вели дека зависи дали целосно ке се укине ориенталниот тутун како адитив, дали ке се замени со  друга култура и дали ќе се примени финансиски преоден период за земјите кои ќе претрпат штета.

Производителите на цигари бараат да им се признаат трошоците во висина од 0,5 проценти од вредноста на акцизната маркичка во случаи кога таа е оштетена од човек или во тек на пакување и транспорт. За нив нелогична е одлуката донесена  пред четири месеци, да се укине одредбата од законот за акциза со која се признаваше 1 процент од акцизната вредност. Компанииите предлагаат проблемот да се реши согласно европските норми кои признаваат штета од 0,5 - 1,5 отсто од акцизната вредност на маркичките, а последниот став на владата е дека може да се признаат трошоците од 0,2 - 0,3 проценти.

-Нула проценти е неприфатливо. Не можќе да се опстане. Ако не се прифати предлогот, ќе има мешовит модел на обештетување. Кога има многу оштетени маркички да се формира комисија која ке ги утврдува штетите, вели Ристовски според кого, последните измени во законот за акциза нема драстично да влијаат на цената на цигарите освен во јули, кога се врши усогласување на цените.

Од тутунот во Македонија живеат повеке од 42000 семејства, извезени се над 25400 тони тутун со просечна цена од 6,1 долари за килограм или, остварен е девизен прилив од 155 милиони долари.

Виолета Зајкова

Веста е прочитана 123 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.