Нова кривична пријава за директорот на Фени, Миракмедов

2 November, 2017 - 13:24

Уште една кривична пријава доби извршниот директор на ФЕНИ Јусуф Миракмедов.По двонеделна истрага во документацијата на комбинатот,Финасовата полиција поднесе пријава за злоупотреба на службената должност и овластување, поради сомневање дека тој продавал фероникел и други производи од фабриката и им нанел директна штета на кредиторите од околу 30 милиони евра.

Истрагата во кавадаречки ФЕНИ сеуште трае. Се испитува работењето и за оваа и за претходните години,не се исклучува можноста од проширување на истрагата но и поднесување на нови кривични пријави Според сознанијата на полицијата Миракмедов кој е од Киргистан има холандско државјанство, а во Макеоднија е со времен престој, ја напуштил земјава  на 29 октомври.

Неофицијално продажбата на производите на ФЕНИ се вршеле преку фирмата Кунико маркетинг од Дубаи а купувачи биле меѓународни компании.Освен тоа Миракмедов во 2016 год своеволно правел и отписи на побарувања на компании кои го купиле но не го платиле фероникелот во висина од 50 милиони долари. . За работењето на две фирми ќерки ан ФЕНИ, Нова Логистик и Ролис како и за бугасрката Енекод која сака да го купи комбинатот предмет отвори и Јавното обвинителство за гонење организиран. криминал. 

Ова е втора кривична пријава против Миракмедов откако вчера пријава поднесе и компанијата БСГР која е  малциснки акционер во ФЕНИ. Пред три дена три банки најголеми доверители покренаа претстечајна постапка а дали ќе се отвори стечајна постапка ќе се знае на 13 овој месец.

Дотогаш се очекува заинтересираните инвеститори да достават сериозни понуди , план како ќе го сервисираат долгот од вкупно 60 мил евра, вработените да ги задржат на работа и да овозможат продолжување на производството.

Како нов директор во ФЕНИ во Централниот регистар е заведен Рајчо Кацаров кој е директор и во ЕНЕКОД.Тој вчера за бугарската агенција БГНЕС обвини дека македонските банки сакаат да ја блокираат зделката и за таа цел го користат судот. Владата пак е уверена дека за ФЕНИ решение ќе се најде за 1-2 месеци.

Виолета З Стојановска

Веста е прочитана 1678 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.