Од Нова година поскапува водата за пиење- Регулаторната калкулира

2 November, 2017 - 15:17

Од 1-ви јануари дел од граѓаните ќе пијат поскапа вода. Нивните сметки ќе пораснат, но не смеат да надминат повеќе од 3 отсто од семејниот буџет. Регулаторна се`уште калкулира. До 15-ти месецов ќе го постави максимумот до кој можат да се движат цените, а општинските совети се тие што ќе пресечат и ќе изгласаат нови тарифници. Во моментот регулаторна не открива кои општини ќе пијат најскапа, а кои наевтина вода.

Јасно е само дека од наредната година грѓаните ќе знаат колку точно плаќаат за оваа услуга, а колку за останатите давачки на комуналните претпријатија. Во сметката ќе има посебни ставки за секоја од нив.

Досега безмалку 75 отсто од општините  побарале зголемување на давачките за вода, но не се знае колку од нив се реални, со оглед на фактот што парите наместо за инвестиции поврзани со водата, ги трошеле за други услуги. Новиот тарфник треба да го спречи и превработувањето.

На крајот на годината претпријатијата ќе треба да приложат годишен финасики извештај од кој регулаторот точно ќе види како се трошеле парите, а со тоа и дали има потреба или оправданост од нови вработувања. Анализите на регулаторот покажуваат дека добар процент од претпријатијата треба да ги задржат актуелните цени.

Во оваа фаза нови ревидирани цени ќе имаат општините со над 10 илјади жители. Остатите нови тарифници ќе добијат во 2019тата. Најевтина вода или 10 денари за метар кубен досега плаќаа жителите на Неготино, Гевгелија и Дебар, скопјани плаќаат 17 денари, а најмногу односно 30 денари плаќаат Струмица, Кочани и Велес.

Весна Дојчиновска Јовановска

Веста е прочитана 1145 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.