ЗДРУЖУВАЊЕТО ВО ЗАДРУГИ Е РЕШЕНИЕТО ЗА ПРОБЛЕМИТЕ

23 April, 2014 - 15:41

Земјоделците се соочуваат со големи проблеми кои можат да се решат и надминат само со  здружување во земјоделски задруги и организирано  настапување на пазарите. Расцепканоста на земјоделците  и поединечното производство  придонесуваат за намалена цена и послаб квалитет на производите што доведува до нерентабилно и слабо земјоделство велат од Федерацијата на фармерите.

 

Државата треба да помогне и околу откупот и пласманот на земјоделскиот производи. Само преку организирано производство и договорен пласман  може да успееме, велат фармерите.

 

Свеста за осигурувањето на земјоделските посеви е мала и треба дополнителна едукација велат од Федерацијата. Затоа апелираат  земјоделците да започнат со осигурување на својот земјоделски имот со што во иднина не би имале проблеми при временски неприлики. Инаку, денеска, фармерите избираат нов претседател и Управен одбор.

Мартин јаковлески

 

Веста е прочитана 80 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.