Оружен грабеж на експозитура на Халкбанка

3 November, 2017 - 15:45

Оружен грабеж на експозитура на Халкбанка во скопски Бутел. Три маскирани лица вооружени со пиштоли упаднале во банката и одзеле околу 20.000 евра. Од МВР потенцираат дека нема повредени за време на грабежот кој се случил  утринава околу 9 часот и 30  минути. Во овој период отворени биле речиси сите продавници околу банката. Но сопствениците и дел од вработените тврдат дека не забележале ништо сомнително. За грабежот разбрале дури откако ги слушанале полициските сирени.

Дел од продавниците имаат и сопствен видео надзор. Но, досега никој од надлежните не дошол да поразговара со нив, ниту да им побара снимки од камерите. Бутел често се споменува во полицискиот билтен. Населбата повеќе пати досега е цел на кражби и разбојништва. На почетокот на годинава, на стотина метри оддалеченост од ограбената експозитура на интернет се појавија снимки од вооружен грабеж на обложувалница, а неполни две недели преходно на речиси идентичен начин била ограбена и продавница за бела техника.

Уште низа други кражби полицијата регистрирала во тој период, најголем дел биле на границата меѓу Чаир и Бутел. Не се знае дали кражбите ги врши иста група разбојници. Истрагите се во тек.

Весна Јовановска - Дојчиновска

Веста е прочитана 2715 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.