Дали ќе има меѓународна истрага за „Диво насеље“?

3 November, 2017 - 15:58

Македонското министерство за надворешни работи го осуди палењето на македонското знаме во Гњилане и во Пеќ и побара одговорност. Инцидентот се случил синоќа, како рекција на одлуката на скопкиот Кривичен суд за доживотен затвор за седумте членови на т.н.„кумановска група“.

Скопкиот Кривичен суд денеска изрече уште една, осма доживотна казна затвор од процесот „Диво насеље“. На  обвинетиот Сулејман Османи му се судеше во одвоена постапка. Според одбраната, нема никакви докази дека обвинетиот извршил кривични дека тероризам. Може да стане збор за кривично дело поседување оружје, не е спорно дека бил на местото на настанот, но не станува збор за тероризам, рече адвокатот Рауфи

Изразувајќи сомнеж во доказите и начинот на водење на постапката, одбраната неколку пати до сега побара меѓународна истрага за овој, но и останатите неколку случаи каде имаше обвинети лица за тероризам. Ваква можност МВР вети, а денеска министерот за правда потврди.

Прашан дали треба да има меѓународна истрага, францускиот амбасадот Тимоние одговори дека решенијата треба првенствено да се бараат во домашниот правосуден систем.

„Ги следиме сите аспекти од тоа прашање и од она што го читаме од медиумите се бара ревизија на судската постапка. Мислам дека е тоа можност која е отворена, барем од она го читаме, но пред да почнеме да бараме да се решават прашања во меѓународни рамки, да се обидеме да ги решиме во постоечкиот правосуден систем“, рече Тимоние.

Став на одбраната на осудените во „Диво насеље“ е дека тие биле донесени на местото на настанот од страна на УБК. Групата според адвокатот Рауфи кој вчера беше гостин во емисијата „Ноќно студио“ била изманипулирана и донесена за да биде ликвидирана. Го потврдува фактот дека биле присутни на местото на настанот, како што вели не се докажа кој пукал, а и самите вештачења биле дубиозни.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 1015 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.