Во Аеродром со неколку куршуми застрелан фудбалер

3 November, 2017 - 18:22

Околу 18 часот во близина на кафулето Ред кафе во аеродром тешко е рането едно лице.

Полицијата потврди дека нападнатиот бил застрелан по што веднаш со приватно возило е префрлен во болница каде му се врши операција. Еден од дуќанџиите во комплексот згради пред кои се случил нападот, го внел повредениот во својот автомобил и го однел во болница. 

Очевидци за агенцијата МИА тврделе дека напаѓачот со четири до пет куршуми стрелал во пределот на главата и вратот на жртвата кој е активен фудбалер.

Напаѓачот е во бегство, а полицијата трага по него. На лице место на улица Владимир Комаров во Аеродром се врши увид. Застреланиот е идентификуван како Мартин Јанушев, потврдија за Телма полициски извори.

Според последните информации, после пукањето неколкумина избегале под подвозникот на железничката пруга и се упатиле кон мостот преку кој се стига на Скопски Саем.  

Веста е прочитана 15493 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.