„Т'га за југ“ ако треба, ќе ги врати државните простории

3 November, 2017 - 18:42

Здружението на деца бегалци од Eгејска македонија „Т'га за југ“ ако е потребно ќе ги избрише просториите кои се државни од негова локација на која се регистрираше.

Но, очекува дека сепак Владата истите простории ќе ги даде на трајно користење токму на ова здружение. Ова доаѓа откако Телма објави дека новоформираното здружение се регистрирало во централниот регистар во простории кои се на јавното претпријатие за станбен простор.

Според документите од регистарот здружението е формирано во септември по средбата со министерот Адеми и премиерот Заев. Просториите кои владата неделава му ги одзема на здружението на бегалци за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради на Ташко Јованов ги напиша како свои уште пред да биде донесена одлука за одземање но и давање на „Т'га за Југ“. Сега од здружението убедуваат дека тоа не го сториле по налог на министерот и премиерот.

И по неколку денови од државното станбено претпријатие молчат за скандалот со просториите и не кажуваат дали ќе бараат одговорност за самоволието. Од „Т'га за југ“ велат дека и покрај тоа што се регистрирани во септември тие всушност се сојуз на веќе постоечки здруженија, кои само сакале да ја исправат неправдата сторена врз нив од претходната власт која им ги одзела истите простории кои им ги дава сегашната.  

Билјана Николовска

Веста е прочитана 1242 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.