Фудбалерот починал, напаѓачите во бегство

3 November, 2017 - 20:14

Застреланиот фудбалер Мартин Јанушев починал, објави на Твитер Министерството за здравство.

Застреланиот бил донесен на клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ без знаци на живот, а 40-минутните обиди за реанимација завршиле без успех, по што е констатирана смрт.

Фудбалерот беше тешко повредено во оружен инцидент на улицата Владимир Комаров пред „Ред кафе“, во скопската општина Аеродром.

МИА од очевидци дозна дека тој бил погоден со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот.

Напаѓачот е во бегство. Според последните информации, после пукањето неколкумина избегале под подвозникот на железничката пруга и се упатиле кон мостот преку кој се стига на Скопски Саем.  

Веста е прочитана 5494 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.