Шекеринска: Опозициски пратеници најавија поддршка за реформите на владата

3 November, 2017 - 21:43

Има најави од пратеници од опозицијата, од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе дадат поддршка за некои од реформските приоритети на владата, изјави вечерва во Топ Тема на Ваша страна, вицепремиерката и мнистерка за одбрана Радмила Шекеринска. Таа во контекст пак на владината коалиција и можноста за реконструирање на владата рече дека сите политички парти кои ја формирале влада од локалните избори излегле посилни отколку пред 10 месеци.

„Оваа реформска влада мора да продолжи да работи на крупните чекори кои не очекуваат. На Македонија и претстои важен политички период. Ние, како СДСМ, немаме право на грешка и на себичност и секој која сака да ги подржи реформите е добредојден. Убедени сме дека сегашната коалиција ќе се сочува“, рече Шекеринска. На прашњето дали е можно проширување на владината коалиција со ДПА, таа одговори: „Во коалицијата се уште не е разговарано. Велам, ќе ги покание сите партии да дадат поддршка за реформите, а тоа не мора да значи и учество во владата“.

Шекеринска во интервјуто за Топ Тема на Ваша страна го повтори ставот дека иако СДСМ убедливо победи на локалните избори во партијата не се размислува за предвремени парламентарни избори.

„Иако е примамливо со овие резултати да имаме нови парламентарни избори, ние не сакаме да бидеме новиот Груевски“, изјави Шекеринска.

Министерката за одбрана не сакаше да лицитира со датум за членство во НАТО, велејќи дека е подобро да видиме што можеме ние како земја да испорачаме.

На прашањето дали за евентуално решение за спорот околу името со Грција ќе гласа на референдум Шекеринска одговори позитивно велејќи дека за решенијата за името да бидат стабилни, да не бидат основ за нови поделби, тие треба да одат на референдум.

Веста е прочитана 1604 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.