Апелација ги врати "бомбите" и во ТНТ и Топлик

4 November, 2017 - 11:27

Скопска апелација ги врати бомбите меѓу доказите во предметите на СЈО- ТНТ за уривањето на Космос и Топлик за Сончев град. Од судот за Телма официјално потврдија дека ги прифатиле жалбите на СЈО и ја преиначиле одлуката на Кривичен со што прислушкуваните разговори, 26 снимки во ТНТ и 11 во Топлик, ќе бидат дел од доказите што ке се користат во судските процеси. 

 Вчера на двете јавни седници во апелација, обвинителите од сјо порачаа дека обвинетите во овие предмети, екс премиерот Никола Груевски и пораншениот министер за транспорт, Миле Јанакиевски не се жртви на прислушкување туку тие биле дел од власта што масовно незаконски прислушкувала кога на чело на УБК бил Сашо Мијалков обвинет во предметот Таргет. Посочија  дека снимките имаат доказна вредност и со нив не се повредува приватноста. Не смее да се дозволи криминалот да добие заштита рекоа обвинителите .

 Адвокатите ги уверуваа судиите дека прислушкуваните разговори се незаконски прибавени дека нивната употреба е спортивна на Европската конвенција за човекови права, бидјеки се нарушува приватноста на обвинетите и бараа судот да ги одбие за да не се лсучува и во иднина и други прислушкувани разговори да бидат користени во име на некаков јавен интерес.

Претходно апелација ги врати бомбите во три предмети на СЈО Шамарите во Центар каде исто така мегу другите обивнети се Груевкси и Јанакиевски, Триста за набавка на возила во мвр и Тендери за Музејот на ВМРО каде обвинета е ексминистерката за култира Канчевска Милевска. Пред апелација треба да се разгледаат уште 6 жалби на СЈО бидејки досега според официјалните податоци Кривичен ги издвои бомбите од доказите, во 11 предмети на Катица Јанева.

Веста е прочитана 3219 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.