Здравството со најголем бенефит од укинување на Советот за јавни набавки

5 November, 2017 - 19:30

Повеќе од половина милион евра годишно пари од скопските клиники се одлевале во Советот за јавни набавки. Наместо за пацинетите, парите се трошеле за тендерска документација, тврдат здравствените власти. Уште пострашно е тоа што заради технички недоследности во постапката со месеци доцни терапијата за пацинетите, а во прашање е доведен и квалитетот на здравствените услуги.

- Просечно по околу 20 илјади евра секоја клиника годишно плаќа до советот заради враќање на тие тендерски постапки...им се враќа тендерската документација, во здравството не можеме однапред да планираме колку нови пацинети ќе имаме, па да одредиме колку одредени скапи лекови ни требаат. Тоа е многу тешка работа за проценка, изјави д-р Гоце Чакаровски, заменик министер за здравство

Министесрството од Советот побарало да биде пофлексибилен во однос на набавките во здравството, и заради една запирка во тендерската документација, да не се враќа постапката на почеток. Но фидбек немало, Советот не покажал разбирање. Изминатиот период гласни против него беа и невладините. Центарот за граѓански комуникации како негативен пример за работат на ова тело посочи тендер за набавка на лекови за карцином на бели дробови, на кој било дозволено учество и на нерегистрирани лекови.

- Цените за лекот од 39 милиони денари аддадени ан отворањето ан понудите се спуштени на електронската аукција на 2,2 милиони денари, односно било планирано за овој лек да с епотрошат 244 илјади евра, а купен е лек за 36 илјади евра. Никој не го отвора во целата докуменатција прашањето на што се должи вака ниската цена, како та влијае врз ефинасноста на лекот и врз зравјето на пацинетите, прашува Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации 

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ со укинувањето на СОветот за јавни набавки владата на СДСМ отвора врата за корупција и криминални тендери. Целта е велат оттму да се елиминира секој ограничувачки фактор кој би можел да гарантира законитост на јавните набавки.

Советот најверојатно ќе се укине во декември,  а до следниот октомрви ќе се подготви и нов закон за  јавни набавки кој ќе се базира на европската регулатива и меѓународните практики. Ова тело беше формирано во 2013тата, почна со 4 члена, а во моментот има 7. Советот во меѓувреме се прошири со уште 19 други вработени. Со укинувањето, тие ќе се прераспредлат на нови работни места.

 

Весна Дојчиновска 

Веста е прочитана 1450 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.