РАКОМЕТ

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ ЈА ЗАПРЕ СЕРИЈАТА НА МЕТАЛУРГ ОД ТРИ СРЕДБИ БЕЗ ПОРАЗ

5 November, 2017 - 20:20

Металург не успеа да ја продолжи позитивната низа во ракометната Лига на шампиони. На домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Чеховски Медведи со 26:29 во шестото коло од групата Д. 

Божо Анџелиќ со пет голови беше најефикасен во редовите на македонскиот вице-првак, еден помалку постигнаа, Жарко Пешвски, Давор Палевски и Александар Гуглета.

Вчера во рамките од оваа група, победи пред својата публика остварија Мотор Запорожје над Бешикташ од 28:22 и Монпелје кој минимално го доби Спортинг 33:32.

Металург на следниот натпревар повторно ќе биде домаќин. На 12 ноември ќе гостува лидерот Монпелје, кој има максимални 12 бодови на првата позиција четири повеќе од вторпласираниот Мотор Запорожје. Бешикташ и Металург се на третата односно четвртата позиција со по пет бодови. 

Веста е прочитана 267 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.