Ново рочиште за „Транспортер“

6 November, 2017 - 12:40

Ново судско рочиште за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески, се одржува денеска во скопскиот Кривичен суд.

Минатото рочиште, на 28 септември, беше одложено поради неприсуство на обвинетата Јасмина Никиќ Десановска.

Во случајот „Транспортер“ се осомничени Талески и уште дваесетина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра. 

Веста е прочитана 795 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.