Ќе се оценува спроведувањето на реформите и работата на правосудството

6 November, 2017 - 16:07

Ќе се оценува спроведувањето на реформите и работата на правосудството. Мaтрицата за мерење на перформансите во правосудството треба да му помогне на судскиот систем да оцени различни области на активности. Ќе бидат опфатени 4 категории испитаници - судиите, судската администрација, адвокатите, јавните обвинители, нотарите, извршителите, физички и правни лица како странки , медиумите и невладиниот сектор.

Цeлта е да се детектираат невралгичните точки  во судството поради кои е и доведено во ваква состојба. Една од областите кои ќе ги испитува „Мaтрицата“ е независноста и непристрасноста на директните чинители во правосудството

Според министерот за правда Билен Саљији, новата стратегија за реформи во правосудниот систем за следниот период од 5 години ќе ги постави новите приоритети за судски реформи.

Според британскиот амбасадор Чарлс Гарет, „Матрицата“ ќе помогне да се подобри квалитетот на работата на правосудниот систем, ќе донесе придобивки за сите граѓани, ќе им помогне на судовите правично и ефикасно да работат.

Анализата за тоа како работи правниот систем ќе овозможи да се идентификуваат начините како тој да се подобри, со цел да се овозможи унифицирана примена на законите, рече Гарет.

Сaња Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 558 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.