Скопје едвај дише!

6 November, 2017 - 16:17

Зелените полиња кои гарантираат чист воздух вчера се обоија во портокалово и виолетово. Канцерогените ПМ честички неколкукратно ги надминаа дозволените вредности.

Густи магли од смог надвиснаа над скопски Центар и Карпош. Таму, во приквечеријата воздухот станува опасен по здравјето на граѓаните.

Покрај скопјани, естремно загаден воздух дишат и битолчани, тетовци и кумановци. За да се заштитат граѓаните се затворија во домовите, а надлежните останаа затворени за информации.

За конкретни мерки допрва ќе говорат. Во моментот потенцираат само дека вина за повторување на минатогодишната алармантна сосотојба со воздухот ја делат и граѓаните.

Меѓу загадувачите е и пластиката што се пали по течението на Вардар. Сомнежите се дека токму таа е најголем проблем во скопски Карпош.

Светските статистики говорат дека загадувањето директно вилјае врз порасот на малигните заболувања. Овој период зголемени се и респираторните проблеми кај граѓаните. Болниците, особено детските одделнија се преполни. Во комбинација со вирозите, загадениот воздух дополнително го комплицира здравјето на граѓаните.

Весна Јовановска Дојчиновска

Веста е прочитана 2340 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.