Со новиот буџет извисија специјализантите и младите лекари

6 November, 2017 - 16:35

Во буџетот за 2018 нема место за повеќе од 500 специјализанти и млади лекари. Во ситуација кога очекуваа исполнување на предизборните ветувања за вработување, плати до 100 000 денари, и надоместоци за дежурства, Министерството за здравство одлучи да ја зголеми платата за само 5 % .

„Во ниту еден момент и ниту во една ставка не се најдовме како популација, а ни беа ветувани многу работи, дека конечно ќе се регулира ова прашање. Збориме за бројка од над 500 луѓе кои работата по клиниките, секој ден, дежураат 24 часа, а не добиваат ниту денар“, изјави Ненад Лазаров од Асоцијација на специјализанти и млади лекари.

Состојбите во Клиничкиот центар се своевиден куриозитет, вели Лазаров, бидејќи докторите специјализанти дежураат , тие се првата бариера на пациентите, а немаат здравствено осигурување. Бившиот министер Тодоров почна со парцијални решенија кои опфатија многу мали групи на лекари, а последниот министер Таравари вети решавање на проблемот, Наместо тоа со предлог буџетот доживеавме шок, вели Лазаров.

Не очекува огромен бр пензионирања на здравствени работници. Во 2020 година, 60% од специјалистите ќе заминат во пензија. Како ќе го решиме тоа? Младите студенти не размислуваат да останат, не помислуваат да работат во јавно здравство, 95% се во подготовка да заминат.

Најавата за повисоки плати предизвика реакции во речиси сите сектори. Дел од наставниците велат дека со зголемување на платите од 5 % кое ќе почне од септемрви следната година нема ниту да се доближиме до платите од регионот.

Министерот за финансии Драган Тевдовски објаснува дека кога се прави буџет се трга од финансиската состојба во државата и потребните приоритети. Приоритет во државата сметаме дека се образованието и здравството.

Од аспект на финансиски можности приоритет се образование и здравство: Платите на наставниците и во градинкитѕе треба да се многу повисоки, но правиме прв чекор, зголемување на лекарите, но од аспект на можностите тоа го буџетираме, кажа Драган Тевдовски, Мин. за финансии.

Виолета З Стојановска

Веста е прочитана 10655 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.