Поцевски: Имавме неверојатни опструкции од судиите од Врховен суд

6 November, 2017 - 22:10

Претседателот на Советот за факти, Сашо Поцевски за Ноќно студио кажа дека од сите судии за кои се води постапка затоа што низ нивни раце помина притворот за бегалците од правдата, најмногу опструкции, неверојатни опструкции, имале од судиите од Врховниот суд.

Претседателот на Советот за факти, Сашо Поцевски потврди дека Основните и Апелационите судии ги подигнале поканите испратени преку препорачана пошта, но не и од Врховниот суд за кој советот и претходно се жалеше дека наидува на затворени врати. Претседателот на Врховен, Јово Вангеловски заработи кривична пријава од Советот затоа што во септември не им дозволи увид во предметот „Тврдина - Таргет“, но Скопското обвинителство деновиве ја отфрлило пријавата за несовесно работење, потврдија за Телма од Обвинителството.

Тој кажа дека претседателот на Врховен, Јово Вангеловски не дозволил увид на Советот за факти. Тој е убеден дека ќе успеат да докажат дека е сторено кривично дело од страна на претседателот на Врховен.

По истрагата на Советот за факти, Судскиот совет е тој што одлучува дали за судиите може да следува санкција.

Веста е прочитана 3762 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.