Ќе се прегласува во едно гласачко место во Чаир

7 November, 2017 - 10:55

На 12 ноември на избирачкото место 2901 во основното училиште „Иднина" 719 гласачи ќе одлучат кој ќе биде новиот градоначалник на Чаир. Висар Ганиу, кандидатот на ДУИ веќе ја прослави победата.

Но, Управниот суд прифати една од желбите на БЕСА поднесени по вториот круг, а Државната изборна комисија пресмета дека прегласувањето може да има влијание на конечниот резултат, па прегласувањето на ова избирачко место го закажа за 12 ноември.

Ганиу во вториот круг од локалните избори освои 13.916 гласа, а неговиот противкандидат од БЕСА, Зеќирија Ибрахими 13.707.  Разликата од 209 гласа ќе може да биде анулирана со бројот на гласачите од списокот на ова избирачкото место.

Во вториот круг на ова избирачко место гласале 278 гласачи. За Ибрахими гласале 164 гласачи, а за Ганиу 98.

Веста е прочитана 166 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.