Одложено судското рочиште за „Труст“

7 November, 2017 - 11:28

Судското рочиште за случајот „Труст“ е одложено за 14 ноември, бидејќи адвокатите на одбраната ја немале добиено листата со докази што ги предлага Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство Гаврило Бубевски рече дека тие до Судот ги доставиле доказите во доволен број примероци и оти според процедурата Судот е должен да и ги предаде на одбраната листите со докази покрај обвиненијата.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеат Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.

Веста е прочитана 281 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.