НАТО ќе испрати уште 3.000 војници во Авганистан

7 November, 2017 - 13:08

Министрите за одбрана на НАТО в четврток ќе усвојат одлука за испраќање на дополнителни три илјади војници во Авганистан, соопшти денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Тој прецизира дека со тоа бројот на воените инструктори од НАТО во Авганистан ќе достигне 16.000, од кои половината се од САД, а останатите се од другите земји членки на Алијансата и државите партнери. Според него, Авганистан преживува тешки денови поради зачестените напади, кои ги нарече бесмислени.

Столтенберг истакна дека на дводневната средба на министрите од НАТО, утре и задутре, ќе го покрене прашањето за ветеното финансирање на авганистанските сили за безбедност. Тој додаде дека освен САД, останатите земји од НАТО ветиле дека секоја година ќе обезбедуваат по една милијарда долари за таа цел. 

Веста е прочитана 184 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.