Омбудсманот бара од Владата да ги спроведе мерките за човековите права и слободи

7 November, 2017 - 14:39

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска до Владата ќе ги достави мерките за спроведување на препораките за подобрување на состојбите со човековите права и слободи, што тој ги констатирал, бидејќи пратениците не ги изгласаа на вчерашната собраниска седница. Реакциите од народниот правобранител следуваат откако во Парламентот не беа изгласаа предложените мерки со кои требаше да се задолжи Владата преку носење одлуки и законски измени да ги подобри состојбите во сферата на човековите права

“Ќе барам Владата да ги стави мерките на седница и да ги задолжи државните органи да ја поправат состојбата. По шест месеци ќе барам да ме информира Владата до каде е остварувањето на мерките кои што ќе ги предложам“, изјави Мемети на денешната прес-конференција.

Рече дека вчера на собраниската седница имало кворум, но и покрај тоа Годишниот извештај за состојбата со човековите права и слободи во Македонија и пакетот мерки за нивно подобрување пратениците не беше изгласан.

„Кога се расправаше за извештајот имаше кворум. Само од парламентарите групи кои имаат мнозинство имаше 45 пратеници, а вкупно имаше повеќе. На моментот на гласање имаше повеќе од 60 пратеници, но за жал не беа изгласани мерките„, рече Мемети.

Тој смета дека народниот правобранител треба да има најголема поддршка токму од Собранието за да врши контрола врз извршната власт.

Веста е прочитана 669 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.