„Бомбите ќе бидат докази во случајот „Труст“

7 November, 2017 - 15:36

Три прислушкувани разговори меѓу кои и веке објавената бомба меѓу експремиерот Груевски и поранешниот директор на ЕЛЕМ Чинговски, се меѓу доказите во предметот „Труст“.

Обвинителите од СЈО потврдија дека, за разлика од другите предмети каде советите од кривичен ги издвојуваа бомбите, во овој предмет судот ги оставил, не ги отфрлил од доказите во предметот против бизнисмените Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватич кои денеска дојдоа во судот на првото рочиште. Адвокатот Јован Јоанидис смета дека бомбите можат да бидат докази, заедно со останатите докази/

Освен Кочан, Ватич и Авировиќ обивнети за Злоупотреба на постапката за јавен повик, обвинети се трите фирми Трансмет,Силекс Неметали и Вато кои настапиле како конзорциум за тендерот со ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина,   тежок 17 милиони евра, кој СЈО ги товари дека понудиле фалсификувана документација.

Судењето се одложи на барање на адвокатите кои реагираа дека со обвиненителниот акт не ја добиле листата на докази која им е потребна за да подготват одбрана и контра докази. Обвинителот Гаврил Бубевски рече дека во судот доставиле и 13 примероци од листата на докази заедно со обивнението, што потврди и судијката кога го разгледа предметот.

Бубевски не знаеше дали и зошто судот не им ги доставил, се согласи дека одбраната мора да ги има тие документи, но уште на истото рочиште обивнителот Артан Ајро на усб им ги префрли доказите на адвокатите. Судењето продолжува следната недела, но до крајот на месецот судијката Лидија Трајковска Зимбовска закажа уште неколку рочишта, за да не се одолговлекува судењето.

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 2198 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.