Љубомир Јовески е предлог на Владата за нов Државен јавен обвинител

7 November, 2017 - 16:02

Владата на денешната седница донесе заклучок до Собранието на Македонија да го достави предлогот за Јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески, член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Владата, како што се наведува во писменото соопштение, освен врз основа на професионалната биографија на Јовевски, ја донесе и врз основа на позитивното мислење на Советот на јавните обвинители.

Веста е прочитана 536 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.