ЕЕЗ бара брзо носење на Законот за енергетика

7 November, 2017 - 16:12

По неколкугодишен ќор - сокак, се иницираат реформи во енергетскиот сектор пишува Европската енергетска заедница, во својот најнов извештај. Сепак препораките се исти како и лани, итно да се смени Законот за енергетика, да се спроведе  целосна либерализација на пазарот на струја вклучувајки ја и набавката на балансирана енергија.

„Земјата мора итно да го примени Третиот енергетски пакет и да ги отстрани многуте прекршување на законот. Сите останати потрошувачи мора да бидат квалификувани да го сменат нивниот снабдувач веднаш.Регулирањето на големопродажните цени мора да се елиминира и обврските за јавни услуги да се применуваат само како алатка за надминување на пазарни недостатоци, а не како инструмент за попречување на развојот на пазарите“, оценуваат од ЕЕЗ.

Во однос на гасот, енергетската заедница препорачува воспоставување на целосно независен дистрибутивен оператор со што се очекува да се расчисти прашањето околу компанијата ГАМА.

„Дефинирањето на соодветен модел за расчленување на ГАМА, може да помогне да се реши ќор - сокакот што трае една деценија. Другиот потенцијален оператор, МЕР, ќе треба да се утврди во согласност со правилата за поделбата на сопственоста. Наскоро ќе биде подготвен нов гасовод со перспектива да се донесат нови клиенти и зголемување на ликвидноста на пазарот. Сепак, нерешената ситуација во однос на постојниот оператор, како и недефинираното статус на компанија одговорна за изградба на мрежа може го попречуваат понатамошниот развој, ако тоа не се реши наскоро“, наведува ЕЕЗ.

ЕЕЗ нотира дека РКЕ добро функционира но нејзината правна основа не е прилагодена на третиот пакет. Препорачува комисијата да ја објави методологијата и критериумите што треба да се користат за да се оцени инвестирањето во проекти за електрична енергија и гас и повисоки ризици направени од нив до 31 декември 2017 година.

Европската заедница во детали објаснува дека Македонија ги испушти роковите за имплементација на Третиот енергетски пакет па секторот за елекетрична енергија се регулира според законот од 2011, кој не е во согласност со договорот со Енергетската заедница во многу аспектиСо измени во законот во 2014 тогашната Влада го пролонгираше рокот за либерализација на пазарот на електричан енергија за домаќинствата до јули 2020. Македонија веќе прави измени на Законот за енергетика и во делот на либерализацијата но роковите не се соопштуваат. Главните приоритети до следниот извештај нотирани од ЕЕЗ треба да бидат, развивање на акционен план за воспоставување на задолжителни резерви; утврдување и пресметување на износот и надомест на трошоците за одржување на задолжителните резерви; како и носење план за интервенција во случај на итен прекин на снабдувањето со сурова нафта и нафта производи.

Виолета З. Стојановска

Веста е прочитана 878 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.