Судскиот совет бира претседател на Кривичниот суд

8 November, 2017 - 10:56

Во Судскиот совет во тек е седница на која треба да избере се претседател на Кривичниот суд, на што ќе претходи усвојување на конечната ранг листа за оваа функција.

Најголемиот суд во земјава 20 дена е без прв човек, откако в.д. претседателот Стојанче Рибарев најпрво замина на боледување, а потоа си поднесе оставка, од како што рече, лични причини. Претходно и судијката Татјана Михајлова си поднесе оставка. За претседател на Кривичен пријавени се  поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски, судијата Иван Џолев, потоа судиите Ивица Стефановски, Ѓоко Ристов, Осман Шабани, Оља Ристова и судијката Весна Димишкова.

Неофицијално, фаворити за оваа функција се судијата Иван Џолев, како и и судијката Весна Димишкова. Џолев е судијата кој неодамна изјави дека поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски вршел притисок по изречена судска пресуда. Џолев на Панчевски му поднесе кривична пријава, а за ова негово обвинување расправаше и Советот за утврдување на факти и пред Судскиот совет. Димишкова пак е судијката која судеше на обвинетите во случајот Детонатор.

Веста е прочитана 618 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.