Работниците од ФЕНИ на протест – не даваат комбинатот да оди во стечај

8 November, 2017 - 16:20

До последен ќе го браниме комбинатот, со овие зборови вработените од ФЕНИ денеска протестираа пред филијалите на трите банки доверители во центарот на Кавадарци, барајќи да не се отвори стечајна постапка, бидејќи, велат, тоа ќе значи пропаст за комбинатот и така над 800 вработени ќе останат без работа.

Претстечајната постапка минатата недела ја покренаа банките, на кои комбинатот им должи 40 милиони евра, а за 13 номември е закажано стечајно рочиште, на кое дефинитивно ќе се знае дали ФЕНИ ќе замине во стечај или ќе има спас за комбинатот. Велат дека има неколку заинитересирани инвеститори, за нив не е битно кој ќе го купи комбинатот, само да го зачуваат парчето леб.

Поддршка вработените добија и од Синдикатот за енергетика и рудсратво, СИЕР.

Граѓаните од Кавадарци велат дека за градот ќе има лошо економско влијание евентуалниот претсанок со работа на комбинатот.

Од Синдикатот на Фени велат дека и утре ќе продолжат да го изразуваат својот револт. Во моментов се одржуваат само топли печките од комбинатот, а во такви условои стигна неофицијална информација дека е можно од утре да биде прекината испораката на струја за ФЕНИ.

Но, Мирослкав Атанасиевски, привремен стечаен упшравник на ФЕНИ денеска за Телма изјави дека од почнување на претстечајната постапка, со цел зачувување на имотот на стечајниот должник, се преземаат мерки за одржување на технолошки минимум. Струјата секако е круцијален инпут, вели Атанасиевски, препреките се надминати, и е обезбедено е непречено снабдување со електрична енергија во текот оваа фаза од постапката, до 13 ноември оваа година.

Нина Нинеска-Фиданоска

Веста е прочитана 770 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.