Втората средба на Трамп и Путин закажана за утре

9 November, 2017 - 10:24

Претседателите на Русија и на Сад,  Владимир Путин и Доналд Трамп утре ќе ја имаат својата втора средба, која е предвидено да се одржи на маргините на самитот на Организацијата на азиско-пацифичката економска соработка во Виетнам.

Портставник на Кремљ изјави дека се договара точниот термин за средбата.

Самитот се одржува во виетнамскиот град Дананг, а на него се очекува, меѓу другите, да присуствуваат и лидерите на Кина, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Малезија, Мексико и Филипините. 

Претходно, како што јави МИА, портпаролот на Путин, Димитриј Песков изјави дека средбата ќе биде можност за разговор по најважните светски прашања, како што е кризата околу севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

Трамп и Путин својата прва средба ја имаа на самитот на групата Г-20 во Германија.

Веста е прочитана 438 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.