ЕУ се подготвува да воведе ембарго на оружје за Венецуела

9 November, 2017 - 10:38

Европската унија се подготвува да воведе ембарго на оружје кон Венецуела и ќе разгледа воведување на дополнителни санкции како одоговор на политичката криза во земја, наведе неименуван дипломат на унијата. 

„Тие чекори се одобрени, со што се отвора патот за нивно усвојување на состанокот на министрите за надворешни работи на унијата, што ќе се одржи следниот понеделник“, посочи дипломатот. 

Друг дипломат на ЕУ, истакна дека забраната за патување и замрзнувањето на средствата би била наменета за венецуелските претставници, доколку „развојот на ситуацијата би го предизвикал тоа“.

Главен снабдувач на оружје на Венецуела е Велика Британија.

Веста е прочитана 343 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.