Владата најавува промени кај данокот на добивка – компаниите да не ја намалуваат даночната основица

9 November, 2017 - 15:55

Компаниите да се спречат да ја намалуваат даночната основица кај данокот на добивка и на тој начин да плаќаат помалку данок, да се затворат законските дупки кои тоа сега им го овозможуваат. Ова е клучната поента на промените кај данокот на добивка кои ги најавува Министерството за финансии, иако тие не беа најавени во владината програма. Од Финансии велат дека тоа нема да значи воведување на прогресивна стапка кај овој данок.

„Данокот на добивка е многу посложен данок од персоналниот дано, компаниите имаат многу можности за намалување на даночната основица и за избегнување на таа ткн. повисока стапка. Кај данокот на добивка стапката не е толку битна, туку како да се регулира намалувањето на даночната основица што го прават компаниите. Тука не станува збор за даночна евазија, бидејќи тоа е легално, законот тоа го овозможува, значи треба затворање на тие дупки што постојат во законот“, вели Јовановиќ.

На изненадување на Владата ова го барале и стопанските комори, а го препорачале и меѓународните организации.

„Компаниите имаат можност да книжат услуги помежу поврзани субјекти по ткн траснсферни цени и на тој начин ја намалуваат даночната основица, тоа е едно од горливите прашања кое мора да се адресира, неодамна имавме и мисија со ММФ околу ова прашање и таа промена мора да се направи ургентно“, вели Јовановиќ.

Од неладиниот сектор пак, бараат прогресивни стапки, не само кај персоналецот, туку и кај данокот на добивка, да се оданочат повеќе големите банкарски профити. .

„Да се напушти моделот на рамни даноци и огромните даночни ослободувања и веднаш да се спроведе даночна реформа со акцент на прогресивното оданочување, тука посебно нагласуваме – прогресивно оданочување на добивката, главната порака е – оданочете ги профитите. Сметаме дека не треба само прогресивно оданочување кај персоналниот данок на доход, туку конечно да дојдат и фирмите, бидејќи банките од година во година рушат рекорди по остварените профити“, вели Христова.

Невладините побараа и итно да се напушти ерата на даночни раеви и да се зголеми даночниот морал, кој се подига кога граѓаните знаат зошѓто плаќаат даноци. Од Аналитика порачуваат Владата конечно да ја вклучи јавноста кога планира да водеве било каква фискална мерка, и да не ја надмине дозволената граница на јавниот долг. Се советува и акцентот да не се става само на автопатишта и на фосилни горива, туку и на алтернативни начини на транспорт. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Веста е прочитана 4934 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.