Се укина Советот за јавни набавки

9 November, 2017 - 17:27

Собранието ги усвои измените на Законот за јавни набавки  со кои се укинува Советот за јавни набавки.

Наместо да придонесе за зголемување на конкуренцијата во постапките за јавни набавки, Советот според Владата негативно влијаел на ефикасноста на системот најчесто со блокирање на институциите, пролонгирање на постапките и зголемување на трошоците.

Опозицијата сметаше дека не треба да се брза кога новиот закон за јавни набавки се најавува за октомрви следната година. За нив остана отворена дилемата кој и како во мегувреме ќе ги контролира постапките на јавни набавки?

Веста е прочитана 1062 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.