Владата го усвои Предлог буџетот за 2018 година

10 November, 2017 - 10:44

Владата на вчерашната седница го усвои Предлог буџетот за 2018 година и донесе заклучок предлогот за буџетските трошоци за наредната година да биде доставен во постапка на дебата и усвојување во Собранието.

Министерството за финансии предложи најголем буџет до сега, од три милијарди и 44 милиони евра. Од кои за капитални инвестиции се предвидени 402 милиони евра. Над 1,1 милијарда ќе се потрошат за пензии, социјална и здравствена заштита.  Со Буџетот се предвидени и средтсва за зголемување на платите за 5 отсто во здравството и образовфанието и за 10 отсто во Армијата. Од ставките во новиот буџет, кој треба да се најде во Собранието најдоцна до 15 ноември, најмногу полемики во јавноста предизвика предлогот за зголемување на акцизата на дизелот за три денари.

Веста е прочитана 992 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.