Заев: Шансите за решавање на спорот за името сега се поголеми, треба да се направи исчекор

10 November, 2017 - 13:36

Премиерот  Зоран Заев   денеска изјави дека Македонија мора да биде подготвена за исчекор за прашањето за името, оценувајќи дека сега има поголеми шанси од порано да се изнајде решение со Грција.

-  Со Република Грција имаме поголеми шанси од порано да изнајдеме решение. Очекувам дека до крајот на овој месец ќе почнат да се раздвижуваат работите, макар на преговарачите со Нимиц. Стојам на располагање и за премиерско ниво, министерот за надворешни работи е подготвен, веќе разговаравме со претседателот на државата. Во поглед на ова прашање Македонија мора да биде подготвена за исчекор конечно за решавање на ова прашање, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по претставувањето на Предлог-буџетот за 2018 година во Владата.

Се надевам, дополни, дека опозицијата исто така ќе биде вклучена максимално, не за нови блокади, не за нови одложувања, туку во функција да направиме се да изнајдеме решени за овој горлив проблем којшто е кочница на РМ и за нејзините интегративни процеси.

Прашан за идејата за преименување на Скопскиот аеродром во „Киро Глигоров“, рече дека на прва рака му се допаѓа, но оти оти тој е само еден од граѓаните и сака да ги слушне нив.

- На прва рака ми се допаѓа идејата. Сакам да ги слушам внимателно граѓаните, нека се развие дебата, ние им стоиме на располагање на граѓаните да им служиме во целост, рече Заев.

Веста е прочитана 2541 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.