Предлог-буџетот гарантира домаќинско и ефикасно управување со државните пари

10 November, 2017 - 13:41

Предлог буџетот за 2018 година гарантира домаќинско и ефикасно управување во работењето со државните пари, рече денеска премиерот Зоран Заев, презентирајќи го Предлог-буџетот што вчера беше усвоен на владина седница и доставен до Собранието. 

Предлог буџетот, како што наведе Заев, ги содржи препораките од јавната  дебата а основната цел при неговата подготовка била развојната компонента за насочување повеќе пари кон граѓаните. 

- Предлог буџетот ги обезбедува основните функции на државата за непречена и навремена исплата на плати, пензии, социјални трансфери.  Ова е  буџет за граѓаните и за финансиска стабилност.  Обезбедува услови за реално раздвижување на економијата, при што ќе целиме кон што поголема реализација на капиталните инвестиции, посочи премиерот Заев.

Веста е прочитана 330 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.