ФУДБАЛ

БАРАЖ ЗА СП:ХРВАТСКА И ШВАЈЦАРИЈА СО ПРЕДНОСТ ЗА РЕВАНШИТЕ

10 November, 2017 - 14:43

Селекциите на Хрватска и на Швајцарија се доближија до место на СП во Русија,откако синоќа изборија предност во првите бараж  натпревари.Хрватите со  импресивни 4-1 ја надиграа Грција,Швајцарија со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Северна Ирска.

 

На Максимир во Загреб,Хрватска и Грција постигнаа 4 голови  уште  во првото полувреме а три завршија во мрежата на Карнезис,грчкиот голман  кој и помогна да се отвори гол серијата.Модриќ во 13-та  погоди од пенал и ја казни неговата грешка,Калиниќ во 19 зголеми на 2-0,Папастатополус намали на 2-1 во 30-тат а а само три минути подоцна,Перишиќ ја врати домашната селекција во  солидна  позитива.Крамариќ на почетоток од второто полувреме ги постави финални 4-1 со кои Хрватска  ќе патува на реваншот во Грција закажан за 12 ноември.Синоќа, предност за реваншот в недела оствари и Швајцарија.Швајцарците победија на гости кај Северна Ирска  со 1-0 од пенал кој предизвика  бурни реакции.Стрелец на голот во Белфаст  беше Родригез во 58 минута.За преостанатите две места од европскиот дел на баражот за СП-во,вечерва ќе играат Шведска-Италија,утре Данска-Република Ирска.

Веста е прочитана 292 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.