Проект за еднаков регионален развој

10 November, 2017 - 15:51

Наместо неасфалтирани патишта и кал до колена, села и градови без водоводна и канализациона мрежа, преку електронски систем ќе се контролира трошењето на буџетските средства наменети за рамномерен регионален развој во сите плански региони. Проектот тежи 5,4 милиони евра а од нив 3,68 милиони евра се грант од Швајцарија а 1,72 милиони од владата. Во моментов за еднаков регионален развој се двојат 1% од БДП но тешкос е добиваат податоци дали и зашто се поторшени овие пари. Сега живееме во два света рече вицепремиерот Кочо Анѓушев, едниот се големите развоени градови а другиот руралните средини без водовод, канализација и асфалтирани патишта. Наместо како досега долго да талкаме низ институциите за да откриеме што е изградено во Берово, со овој софтвер, рече тој податоците ќе бидат веднаш на виделина.

Поради огромните развојни разлики и несоодветниот одговор на енормното растење на Скопје за сметка на внатрешноста, која се празни, многу граѓани се соочуваат  со недостаток на елементарни услови за живот. За да се надминат ваквите состојби за рамномерен развој во новиот буџет се обезбедни 26% повеќе пари од било кој буџет досега.

„Евидентно е дека спроведувањето  на политиката за рамномерен регионален развој во изминатата деценија не го даде очекуваниот резултат. Дури и во најразвиениот плански регион - Скопскиот  има огромни разлики меѓу центарот и периферијата. Проблеми со водоснабдувањето има и општина Аеродром, една од најурбаните во земјата“, оценува министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Првата од трите компоненти ан проектоте наменета за софтверско решение  со кое ќе се следи трошењето ан буџетските средства во секое место од Макеоднија.Втората ќе биде наменета за подобрување на инфраструктурата во емстата каде живеат ранливите категории грагани а третата компонента ќе биде насочена кон иновативни проекти во сите 8 плански региони.

Виолета З. Стојановска

Веста е прочитана 703 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.