Забелешки за стратегијата за развој на образованието

10 November, 2017 - 15:55

Една од главните забелешки на засегнатите страни беше кусиот период кој го имале за анализа за стратегијата за развој на обрзаованието. Станува збор за исклучително важен документ кој треба да ги утврди насоките во кои ќе се движи образованието  во следните 7 години, па оттука и прашањето зошто владата влегува во ваков ризик, посчи Маја Стефановиќ од Независниот академски синдикат. Многу од тврдењата се и паушални, без анализи, како на пример она за недоволниот квалитет на високото образование.

Благица Ласоска од ВМРО-ДПМНЕ регираше поради делот од стартегијата во која стои дека во иднина ќе има ревидирање на наставните планови и програми, но и на учебниците.

Според министерката Десковска ќе бидат ревидирани сите учебници за кои ќе биде утвдено дека содржат погрешни податоци, но и дека имаат терминологија несоодветна за учениците или предрасуди и стереотипи. Ќе се иницира и измена и на законот за учебници.

Треба да ги поздравиме настојувањата за ревидирање на учениците бидејќи се полни со предрасуди, рече Џевад Адеми од ДУИ. Ние имаме ученици кои се неписмени, а дел од вината имаат авторите кои со пари на даночните обврзници напишале вакви книги, рече Адеми.

Јаким Неделков од СОНК ја посочи потребата од задржување на работа на сите наставници. Свесни сме рече за преголемиот фонд часови, но реформите не смеат да се реализираат врз грбот на вработените, рече Неделков. Според министерката Дескоска, оваа стратегија е токму во насока на зголемување на квалитетот на образованието. На документот се работело уште во време на претходната влада, а експертите за време на летните месеци направиле измени за да го прилагодат на програмата на новата влада. Стратегијата досега била предмет на бројни дебати и јавни расправи.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 925 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.