ДР ТОФОВСКИ: АНТИВАКЦИНА КАМПАЊАТА ПРЕДИЗВИКУВА ГОЛЕМА ШТЕТА

Антивакциналните кампањи се глупост и мора да им се спротиставиме бидејќи може да настане голема општествена штета, вели доктор Јован Тофовски.

МАЈКИ И ВДОВИЦИ ОД СРЕБРЕНИЦА ТУЖАТ ХОЛАНДСКИ ВОЈНИЦИ

Во судот во Хаг започна судскиот процес во кој мајки и вдовици на убиените во Сребреница тужат холандски војници кои не го спречиле масакрот.

ОРТОПЕД ДОБИ УСЛОВНА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА

На три месеци условна казна затвор е осуден д-р Златомир Аризанкоски, за лекарска грешка, поради која 14 - годишниот Агуш Салиоски остана без рака.

ПОЕВТИНУВААТ МАЗУТОТ И НАФТАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 54,50 денари, а на мазутот 40,0 денари за килограм.

ТАЛЕВСКИ ВТОР СТРЕЛЕЦ, ПОЗНАТИ СИТЕ ПАТНИЦИ НА ЕП

РАКОМЕТ
Левиот бек Филип Талевски со 27 голови е на делба на второто место на листата на стрелци во квалификациите за ЕП во Австрија.

ДУРАНТ ГО НАДМИНА ЏОРДАН

НБА
Кевин Дурант постигна 25 поени и повеќе на 41 натпревар по ред.

ПРОГЛАСЕНА НАРОДНА РЕПУБЛИКА ДОЊЕЦК

Во Доњецк, Украина, пратеници - приврзеници на идејата за федерализација на земјата, одржаa состанок oд кој прогласија Народна Република Доњецк.

РУСКИ ВОЈНИК УБИ УКРАИНСКИ ОФИЦЕР НА КРИМ

Руски војник синоќа застрела украински воен офицер во источен Крим, информира денеска Министерството за одбрана во Киев.

Ниски удари

оригинален наслов: Underbelly, Австралија, 2008 година крими - драма Оцена: Imdb.com 8.2 /10 Автори: Џон Силвестер и Андреј Рул Улоги: Керолајн Крег, Маркус Шултц, Пол Тисон, Даниел Робертс, Дитер Брумер, Кан Читнден и Хана Грифитс. (Caroline Craig, Marcus Shultz, Paul Tassone, Daniel Roberts, Dieter Brummer, Khan Chittenden и Hanna Griffiths) Серијата се базира на книгата „Leadbelly: Inside Australia’s Underworld“ од новинарите Џон Силвестер и Андреј Рул, а раскажува за војната на подземјето во Мелбурн во периодот од 1995 до 2004 година. „Ниски удари“ е снимана за 82 дена, на 450 локации локации во градот каде што се одвивале и вистинските настани. Серијата има голем успех кај публиката и критичарите во Австралија, и е прогласена за најдобра австралиска крими драма и сеуште го носи тој епитет.

Pages

Subscribe to telma.mk RSS