КОШАРКА

АБА ЛИГА: МЗТ ПОДОБАР ОД ФМП

18 November, 2016 - 20:10

МЗТ  ги прикаа најдобрите перформанси сезонава и со убедливи 89-68 го совлада ФМП .Третиот триумф сезонава во регионална лига,МЗТ го извојува во СЦ Јане Сандански.

Македонскиот шампион  тргна агресивно и одигра извонредно прво полувреме.МЗТ создаде залиха од 17 поени во таа фаза од мечот, имаше и највисоки 22 предност регистрирани во 18 .минута.Во почетокот на третата четвртина  МЗТ го наруши ритамот.Гостите од Белград се доближија  на 51-40,но  домашниот тим  ги надмина кризните моменти и  во пресрет на завршните 10 минути се оддалечи на 71-50.Со рутинска игра екипата од  скопски Аеродром  го затвори последниот период,каде разликата се искачи и  до 27  поени во 38 минута.  Дреновац како најефикасен кај МЗТ  запиша 24 коша, Симоновски постигна 15  сите од линија за три.Кларк и Темс поделија по 11 поени.Кај ФМП прв стрелец  беше Апиќ со  12 поени. Во денешната победа ,МЗТ од клупата го водеа  помошниците Горан Крстевски и Драган Миленковиќ.Клубот денеска го објави името на новиот тренер, Анте Назор ,поранешен менаџер на Сплит и на Задар кој   потпиша договор со водечкиот домашен кошаркаски колектив  до крајот на сезоната, со можност и за  продолжување на соработката Дебито на клупата кај  Металците,хрватскиот тренер   ќе го има  следната недела на гости против Игокеа.

Веста е прочитана 432 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.