КОШАРКА

АБА ЛИГА: МЗТ ПОУСПЕШЕН ОД ОЛИМПИЈА

6 November, 2016 - 20:12

Македонскиот кошаркарски шампиoн  ја запиша вторaта победа во новата АБА сезона.МЗТ Скопје вечерва имаше добитна комбинација во дуел  со Уnион Олимпија и 8 коло во регионaлната лига го заврши со триумф од  97-96.

 

За разлика од  завршниците  на повеќето натпревари сезонава,  кога Металците немаа доволно свежина ,широк ростер или пак концентрација  во преломните моменти,вечерва по слично сценарио но со поинаков  епилог  изборија победа над гостите од Словенија.Пред домашна публика ,МЗТ беше во негатива  од 1-вата па до  38 минута.Кларк донесе израмнување на 92-92 ,а во наредниот напад,Синовец со  нова тројка во финишот овозможи прва предност на средбата   за македонкиот првак . МЗТ со помош со дефанзивните скокови на Мекиќ  и неговиот прецизен шут од линијата за слободни  финишираше со 97-96, одбележувајки го со победа јубилејот  20 години  од големиот клупски успех, триумфот над  Реал Мадрид во Сапорта купот. Џош Скот со 18 поени и 11 скокови имаше најдобра статистика  кај  МЗТ.Кларк заврши со  22 коша  Темс со а  дебитантот  Диабате  реализираше  13 поени и пет скокови.Во наредното коло од  Аба лигата,МЗТ и гостува на Крка.

Веста е прочитана 419 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.