КОШАРКА

АБА ЛИГА: ПОРАЗ НА К.СОКОЛИ ВО ЗАДАР

2 December, 2016 - 20:38

Карпош Соколи заминаа од Задар со 10-ти пораз во дебитaнстката  АБА сезона.Македонскиот претставник  загуби со   93-74   од  далматинскиот клуб,и не успеа да се поврзе два меча со победа ,откако  изминатиов викенд ја совлада Цедевита.

 

Скопската екипа одигра солидни 25 минути,но имаше катастрофален финиш.Достижни 43-37 негатива на полувремето а на стартот од третата четвртина,Карпош Соколи стигнаа и до водство од 46-45.Задар  брзо одговори на гостинската иницијатива и  во завршните 10 минути, со 27-17  убедливо го запиша петтиот  триумф сезонава.Зековиќ со 17 поени беше најефикасен  кај Карпош Соколи,Вркиќ постигна 13,Мавра 11 а по 9 коша поделија Соколов  и Врбанц.Маринкович и Мазалин постигнаа по 19 поени  кај Задар. Карпош Соколи остануваат на последната позиција во регионалната лига и во следното 13.коло , ја пречекуваат Мега Лекс,меч во кој ќе дебитира новото засилување на клубот,репрезентативецот Бојан Трајковски.

Веста е прочитана 346 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.