ФОРМУЛА 1

АЛОНСО ГО ПРОПУШТА МЕЛБУРН

3 March, 2015 - 18:08

Фернандо Алонсо, ќе ја пропушти првата трка од новиот шампионат во Формула 1 што ќе се вози на 15.март  во Австралија, потврди неговиот тим Мекларен -Хонда.Тест возачот Кевин Магнусен ќе биде во кокпитот на болидот на стартот во Мелбурн.

Двократниот светки првак   со својот болид удри во ѕид на тестовите на „Каталуња“ на 22 февруари, а откако мина неколку дена во болница беше пуштен на домашно лекување.

Според соопштението за медиумите, и покрај тоа што докторите во Шпанија не востановија никаква повреда, ниту потрес на мозокот, alonso   вчера бил подложен на нова серија на тестови и снимања, со што бил ослободен како без симптоми за некој проблем, но фактот дека останал без свест упатува на натамошно мирување.  Според најавите, Алонсо треба да биде подготвен за да седне во болидот на 29.март, на трката за ГН на Малезија во Сепанг.

Веста е прочитана 251 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.