ФУДБАЛ

АНГЕЛОВСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ ЗА ЛИХТЕНШТАЈН

13 March, 2017 - 19:33

Македонската фудбалска репрезентација против Лихтенштајн на 24 март во Вадуц ќе го одигра петтиот натпревар во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот од 21 фудбалер на кои ќе смета за овој меч во Г групата, како и за контролниот дуел против Белорусија.

Во составот на Македонија се повикани 22 играчи. Селекторот Ангеловски за пресметката со Лихтенштајн не може да смета на Езџан Алиоски кој е суспендиран поради жолти картони.

Првиот собир на репрезентацијата е закажан на 20 март во Скопје.

Список на повикани репрезентативци: 

Голмани: Столе Димитриевски, Игор Алексовски и Филип Гачевски;

Одбрана: Стефан Ристовски, Егзон Бејтулаи, Даниел Мојсов, Ванче Шиков, Кире Ристевски и Дарко Велковски;

Среден ред: Ферхан Хасани, Душко Трајчевски, Никола Ѓорѓев, Бобан Николов, Давид Бабунски, Александар Трајковски и Марјан Радески;

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Бесарт Ибраими, Иван Тричковски и Музафер Ејупи. 

Веста е прочитана 806 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.