ФУДБАЛ

АНГЕЛОВСКИ СЕЛЕКТИРАШЕ 23 ФУДБАЛЕРИ ЗА МЕЧЕВИТЕ СО ИЗРАЕЛ И АЛБАНИЈА

21 August, 2017 - 18:23

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски по објавувањето на списокот повикани фудбалери за натпреварите со Израел и Албанија ги искажа очекувањата од натпреварите во рамки на циклусот за пласман на СП 2018 година.

Тоа што го најавив од првиот ден сега започнуваме да го остваруваме, а тоа е создавање на  тим кој долго време ќе игра во репрезентацијата. Ме радува што поголем дел од репрезентативците се дел од големи клубови и играат во одлична форма. Несторовски и Трајковски играат одлично, Алиоски е еден од клучните во Лидс, тука е и Енис Барди кој ги врати нашите претставници во Примера. Се надевам дека нивните клупски ангажмани и нивната форма ќе се преточи во репрезентацијата и ќе го подигнеме нивото на играта. Дени Илиев од Арсенал се враќа во натпреварувачка форма и го повикав да му дадеме мотив плус, сепак се работи за наша голманска иднина. Во одбраната се повикани фудбалерите од златната генерација до 21 година, Велковски, Зајков, Муслиу, кои одлично одиграа на ЕП и заедно со Ристовски, Ристевски, Тошевски сметам дека на вистински начин ќе одговорат на задачите. Во средниот ред имаме најмногу фудбалери од причина што имаме два меча во три дена, ќе ни треба ротација“, вели Ангеловски.

Собирот на репрезентацијата е на 28 август во Скопје.Мечот во  Хаифа кај Израел,Македонија ќе го игра на 2 септември а на 5-тти во Струмица, нашиoт национален тим ја пречекува Албанија.После 6.коло во групата Г,Шпанија и Италија имаат по 16 бодови,,Албанија и Израел по 9,Македонија е на 5.место со 3 бода,пред Лихтенштајн кој е без бодови.

Веста е прочитана 1156 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.