КОШАРКА

АНТЕ НАЗОР НОВ ТРЕНЕР НА МЗТ

18 November, 2016 - 15:52

Анте Назор, е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром.

Поранешниот менаџер на Сплит и на Задар, денеска  потпиша договор со водечкиот домашен кошаркаски колектив , кој е со важност до крајот на сезоната, со можност и за  продолжување на соработката .

Назор е  38.годишен  стратег  кој  има и одлична  репрезентативна кариера во младинските хрватски селекции.Првиот тренер од Хрватска на клупата на МЗТ Скопје Аеродром  е трет кормилар сезонава.Тој  доаѓа на местото на Александар Јончевски, кој, пак, претходно го замени Емил Рајковиќ . Првиот  собир  со  играчите Назор  ќе  го има в недела. МЗТ предводен  од помошниците Горан Крстевски и Драган Миленковиќ,  вечерва  го пречекува   ФМП  во натпревар  од 10. коло од АБА-лигата. Дебито на клупата на Металците,Назор ќе го има  следната недела на гости против Игокеа.

Веста е прочитана 410 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.