ТЕНИС

АО: ХЈУИТ ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА , МАРЕЈ ЛЕСНО ДО 3.КОЛО

21 January, 2016 - 18:46

Четртиот ден од Отворено тениско пренство на Австралија не донесе изнадувања,но  централно место  имаше збогувањето на поранешниот прв светски рекет Лејтон Хјуит од  ’’Белиот спорт.Австралиецот се повлече од тенисот со  пораз од Давид Ферер во три сета и на Род Лејвер арената во Мелбурн, имаше емотивна разделда од спортот  пред своите сонародници.Хјуит  во кариерата освои 30 турнири меѓу кои и два   Грен слема ,УС Опен  2001 и  Вимбдлон  во   2002 година .

Покрај осмиот носител Давид Ферер,пласман во 3.коло без проблем изборија уште  Мареј во меч со Грот,Монфилс во француската пресметка со Маху,Изнер во дуелот со Грањољерс,Варвинка  против Степанек.Без  загубен сет ,второто коло го  минаа уште Раониќ ,Росол,Троицки и Кузњецов. Верадско загуби од Села.Лопез,Томиќ,Соуза и Џонсон минаа нешто повеќе време на терените  за пласман во следниот круг.

Кај тенисерките,елиминација на Јанковиќ и  на Лисицки.Од топ десет  фаворитките,Мугуруза,Кербер  и  Плишкова немаа проблеми.Третата фаворитка Мугуруза  со 6-4 и 6-2 ја совлада Флипкенс,седмата Кербер со 6-2 и 6-4 ја елиминираше романката Дулгеру,Плишкова кој е деветта фаворитка, со 7-6 и 6-1 ја порази Георгес. Ивановиќ  во два сета беше подобра од Севастова,а пласман во 3.коло изборија уште Азаренка Кејс,Осака,Жанг,Стрицова,Бек,Макарова и Лепченко.

Веста е прочитана 221 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.