ТЕНИС

АО;ЃОКОВИЌ И ФЕДЕРЕР СЕ ПЛАСИРАА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

26 January, 2016 - 15:51

Новак Ѓоковиќ  со победа во три сета над Кеи Нишикори избори полуфинале на Грен слемот во Мелбурн.Водечкиот светски тенисер  го поправи впечатокот  од осминафиналниот дуел  со Симон и со 3-0,по сетови 6-3,6-2 и 6-4 го надигра тенисерот од Јапонија кој беше 7.носител на турнирот.  Ѓоковиќ  потроши два часа и осум минути на патот кон неговото 29.Грен слем полуфинале во кариерата каде ќе се сретне со Роже Федерер.

Швајцарецот слично како првиот фаворит , одигра  без загубен сет во четврфиналето.Федерер го совлада шестиот носител Томаш  Бердих со 7-6,6-2 и 6-4 и по 45 пат во кариерата ќе игра против Ѓоковиќ.Резултатот во меѓусебните пресметки  е израмнет , 22-22.

Втората  полуфинална  двојка ќе биде позната по мечевите Раониќ -Монфилс и Ферер-Мареј

Кај дамите,во фоскусот беше пресметката помеѓу Серена Вилијамс и Марија Шарапова.Фаворитката ги оправда очекувањата.Серена славеше во два сета со 6-4 и 6-1 за 19  победа над русинката.Покрај дуелот на првата и петта фаворитка,денеска  во Мелбурн со одигра и четвртфиналето помеѓу Радванска и Суарез - Наваро.Победи 4 носителка , Агњешка Радванска со 6-1 и 6-3.Вилијамс и Радванска ќе играат  во првото полуфинале,во второто ќе се сретнат  победничките од четврфиналето помеѓу  Кербер-Азаренка  и Конта-Жанг.

Веста е прочитана 182 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.