ТЕНИС

АО:ВЕРДАСКО ГО ЕЛИМИНИРАШЕ НАДАЛ ВО 1.КОЛО

19 January, 2016 - 14:53

Вториот ден на  Грен слемот Австралија Опен, донесе  елиминацијата на Рафаел Надал од Фернандо Вердаско.Во шпанската пресметка,петтиот носител Рафаел  Надал претрпе пораз во пет сета  од 6-7,6-4,6-3,6-7,2-6. Иако го загуби првиот сет, Надал поведе со 2-1, но потоа Вердаско успеа да  направи пресврт.После Вимблдон 2013,Надал по втор пат во кариерата заминува од Грен слем турнир со пораз во 1.коло. Покрај Вердаско првото коло го минаа Мареј, кој во три сета беше подобар  од Александар  Зверев,како и Вавринка,Томиќ,Лопез, Раониќ, Изнер, Монфилс, Робредо, Белучи, Ферер, Степанек, Шарди, Милер, Кузњецов и Троицки.

Изненадување и кај дамите. Шуаи Женг од Кина  ја порази  втората носителка на турнирот ,романката Симона Халеп. Женг која е 133-та на ВТА листата победи во два сета со 6:4, 6:3. Неочекуван пораз претрпе и повозрасната од сестрите Вилијамс, Венус, која со 4:6, 2:6, загуби од британката  Конта.Од носителките,Азаренка,Ивановиќ,Кербер,Јанковиќ,Мугуруза,Макарова ,Плишкова ,Лисицки и Кејс се пласира во 2.коло.

Веста е прочитана 199 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.